Stretching Relaxing

потрошени 450 калории

Relaxing & Stretching Workout

Истегнување и релаксација на Вашето тело. Што добивате со оваа активност?

Тука се придобивките:

1. Подобрена флексибилност: Ја зголемува подвижноста на зглобовите и мускулите за полесно движење и подобри резултати во различни спортови.

2. Намален ризик од повреди: Спречува повреди со зголемување на еластичноста и намалување на напнатоста на мускулите.

3. Подобро држење на телото: Помага при проблеми во движењето, стоењето и седењето подобрувајќи ја рамнотежата на телото.

4. Зголемена циркулација: Ја подобрува циркулацијата и ги стимулира мускулите и ткивата, помага при опоравување од повреди и влијае врз подобрувањето на општата здравствена состојба.

5. Намалување на стресот: Го опушта телото со ослободување на напнатоста во мускулите и смирување на целиот организам. 6. Подобрени атлетски перформанси: Со зголемувањето на флексибилноста, намалувањето на напнатоста на мускулите и подобрувањето на движењата, истегнувањето може да ги подобри атлетските перформанси кај спортистите.

7. Зајакнување на зглобовите: Ги зајакнува згобовите со стимулирање на нивната структура и ја намалува нивната крутост, што помага во спречувањето артритис и остеопороза.

8. Зголемена мобилност: Подобрување на капацитетот за слободно и комфорно движење што ги прави секојдневните активности полесни и поубави. Вклучувањето на истегнувањето во вашата секојдневна рутина, особено пред и по вежбањето, спортските активности или долгото седење ја подобрува општата состојба на телото и умот

ИНСТРУКТОРИ
БИСЕРА

„После 10 тренинзи ќе се чувствуваме подобро, после 20 тренинзи ќе изгледаме подобро а после 30 тренинзи ќе имаме ново тело“.

Stretching Relaxing